Забава Избор

Stand Up со Бојан Велевски и Марјан Георгиевски на 23-ти март во Охрид

Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По успешниот настап од почетокот на ноември минатата година, познатиот Божидар Божиновски и Бојан Велевски повторно подготвија одличен настан – Stand Up „Можевме“, овој пат засилени со Марјан Георгиевски.

– Во сабота, на 23-ти март 2024 година, под слоганот „За подобро вчера!“, во Охрид ќе се одржи единствениот митинг каде што нема да ве тераме со сила да ракоплескате, порачуваат организаторите.

Билетите ќе се продаваат во А2 тобако и паб „Даблин“.

„Можевме“, по текст на Божидар Божиновски, е шоу со коментар на македонското општество, менталитет и политичка култура.

– Сендвичи на влез! (ќе има и вегански). Ние можеме да ви ветиме дека „ЌЕ“. За 78% се’ ќе ви биде се’ посмешно. ЌЕ се влегува без пасош. ЌЕ биде масовно. ЌЕ Биде победа! Партиските списоци се веќе спремни, ја претставија „изборната програма“ Бојан и Марјан.

Покрај во Охрид, Stand Up настанот ќе може да го проследи и публиката во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Струмица, Куманово и Кочани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука