Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнуваат Рамазанските пости

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – За верниците од муслиманската вероисповед утре почнува Рамазан, месецот на интензивни молитви и пост од изгрејсонце до зајдисонце.

Верниците го слават Рамазан 30 дена, време во кое ќе постат, ќе се воздржуваат од храна, од пијалоци, од лоши мисли и дела.

Рамазан е деветти месец од лунарниот календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.

Според лунарниот календар почетокот на Рамазан може да се разликува од земја во земја. За муслиманите од северната хемисфера, бројот на постот ќе биде малку помал оваа година и ќе се намалува до 2031 година кога Рамазан ќе се совпадне со зимската краткоденица, најкраткиот ден во годината. После тоа, бројот на часови на пост ќе се зголеми до летната краткоденица, најдолгиот ден во годината на северната хемисфера.

Следниот пат кога Рамазан ќе започне по 12 март ќе се случи за 33 години, поточно во 2057 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука