ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Затаркоски доби пријава од МВР за омаловажување на службеник поради инцидентот кој се случи кога подигнувал документи

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иљче Затаракоски, охриѓанец и познат критичар на состојбите во Македонија, раскажа за голгота која вели дека ја поминал во СВР Охрид.

Бил да подигне документи од канцелариите, а таму службениците си пиеле кафе. Ги прашал дали одат на работа само за да пијат кафе, па извадил телефон за да ги фотографира, по што, според него, почнала голготата.

– Стигвам од Скопје и одам да видам да не случајно работат, да си ги земам документите. Главната врата е отворена и се качувам во канцелариите. Секаде се слушаат луѓе ама сите се заклучени. Отклучена е само канцеларијата за возачки. Отворам и гледам внатре четворица си пијат кафе. Прашувам дали може да се подигнат документите, ми викаат не. Прашувам пак, а сабота само за кафе идате да пиете? И најсилниот внатре со дерење ми одговара ДА БЕ ДА! После одговорот барам да ми се идентификуваат сите. Почнуваат да ми се смеат и јас вадам телефон и ги фоткам. Е тука почвит интересното…излегвет сите по мене да ме бркет ко да се криминалци со потерница од Интерпол, ми блокирет влез пред скали и 10 минути ме држат тука со закани дека ќе ми викнат полиција да ме апсела (да не пишувам за тоа дека службеник не знае разлика меѓу прекршочно и кривично дело), па викаат појачање од пасоши шо уште толку ми се заканвит и ми барат документ за идентификација. Да не правам муабет за тие кокошките службенички шо цело време се силеа “извади му ја значката” Е сега да прашам…од каде право на некој службеник да ми ограничит движење и да ме идентификуват без тој да ми се претставит? Инаку ни на крај не ги дадоа имињата, ама ќе ги најдам… и поздрав до тој најсилниот на крај шо ми рече дека ќе требало да се селам ако сум продолжел вака“, напиша Затаракоски.

Во нов статус, објави дека добил и пријава.

– На крај јас си добив пријава за омаловажување на службеник, и то со полиција на врата за да дадам изјава. Како е тргнато ќе испаднит дека јас сам сум си го ограничил движењето и не сум се пуштал да си излезам од нивната институција, а тие трпеле и ќутеле. Кај живејме ние ееееј…, пишува тој. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука