Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Лице од Велгошти извршило неовластено снимање во канцеларија на управните служби при СВР Охрид

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти март 2024 година, во 12:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во една од канцелариите на управните служби при СВР Охрид, лице од охридското село Велгошти, било агресивно кон вработените по што извршило неовластено снимање во службените простории.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука