Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Физичка пресметка во угостителски објект во центарот на Охрид, 40-годишно лице се здобило со тешки телесни повреди

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти март 2024 година, во 05:00 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз 40-годишник, двајцата од Охрид.

– Нападнатиот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид а против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука