Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Обвинителство: Опожарениот угостителски објект во Охрид е во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, дадена е наредба за вештачење

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот „Туристичка”, во склоп на Градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувна пожар.

Како што информираат од обвинителството, бил опожарен приватен објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи.

– Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, се вели во соопштението на ОЈО Охрид.

Рано изутринава избувна пожар во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот, околу 03:30 часот, бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила. Со брза интервенција било спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот. Пожарот предизвикал поголема материјална штета. (Крај)

извор: 360 степени фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука