Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Боксери од четири македонски клубови ги бранeа боите на Република Македонија на турнирот „Опен Балкан“ во Драч

Драч/Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Боксери од четири македонски клубови ги бранeа боите на Република Македонија на турнирот „Опен Балкан“, чие 6-ти коло се одржа денеска во Драч, Албанија.

Александар Панов од клубот „Пинк пантер тим“ во категоријата до 52 килограми беше подобар од Лазар Лазиќ од Боксерскиот клуб „Крушевац“ од Србија, а Рустемовски Адријан од клубот „Пелистерски јунак“ од Битола ја однесе победата во категоријата до 57 килограми над Таче Релви од клубот „Теута“ од Албанија.

Националната босерска федерација на Република Македонија го назначи боксерот Наум Стојаноски од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ за помошен тренер, додека на нашиот Петар Трајчевски не се бореше затоа што противникот за само 800 грама ја надминал доволената тежина од 42 килограми.

Боксерот Димитар Ѓорески од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид во категоријата до 63 килограми загуби од српскиот боксер Василије Ѓурѓевиќ од клубот „Јован Курсула“ од градот Варварин. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука