Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 14. степени

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд (над 20 l/m2), проследени со силен ветер (над 70 km/h) и појава на грмежи. Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука