Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 13. литри дожд на м2

Скопје/Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 13. литри дожд на м2.

– Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, најмногу дожд 37 литри на метар квадратен наврнаа во Радовиш, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време, утре со повремен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука