Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јануари на државно ниво намален бројот на издадени одобренија за градба, бројката во Охрид се зголемува

Скопје/Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во истиот период од Охрид се издадени 19 одобренија, од кои 14 кај физички лица и 5 на деловни субјекти. Во споредба со претходните месеци, бројката во Охрид е во зголемување, ако се има во предвид дека во декември 2023 година биле издадени 8, во ноември 14 и во октомври 7 одобренија за градба.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.503.536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56.031 м2. (Крај)

извор: ОхридПрес/ДЗС фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука