Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид денеска домаќин на Државно првенство во таеквондо

Охрид, 16. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи Државно првенство таеквондо ИТФ.

Организатор е таеквондо клубот „Мастер“ од Охрид, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).

Во рамки на првенството учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините форми и борби, во неколку категории (деца, млади, постари млади, јуниори и сениори), во машка и женска конкуренција. Согласно распоредот на настани, подготовките започнуваат од 10:00 часот, натпреварите во форми и спаринг започнуваат од 11:00 часот, а свеченото отворање на првенството е закажано за 12:00 часот, по што ќе продолжат натпреварите.

Ќе бидат доделени медал и дипломи, како и пехари за најдобри поединци во машка и женска категорија и за најдобар клуб. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука