Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: До крајот на март останува затворен патот за Ресен преку НП „Галичица“

Охрид, 16. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 15-ти ноември 2023 година, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се’ до 1. април 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука