Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Даниел Новиќ награден за најкреативна декорација на коктел на 15-то Државно првенство на бармени

Скопје/Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бармен и коктел мајстор Даниел Новиќ освои награда за најкреативна декорација во подготовка на коктели на 15-то Државно првенство на бармени што се одржа во Скопје.

На првенството учествува 26 бармени од цела Македонија, кои пред жирито ги покажуваа своите квалитите и способности.

За првпат годинава се одржа „Скопје бар шоу 2024“, во организација на Здружението на бармени на Македонија, во чии рамки беше и Државното првенство.

– На првенството имаше 26 учесници, а јас успеав да го добијам признaнието за најкреативна декорација во категоријата long drink. Коктелот го нареков „Ивана“ посветено на мојата понежна половина. Се состои од џин, корлат од шипка со дива роза, мараскино, свеж сок од грејпфрут, сируп од лаванда и pink soda grapefruit, вели Новиќ за Супер радио и OhridPress.

Ова е само продолжение на неговите успеси на натпревари од ваков тип. Според Новиќ, ваквите натпреварувања се одлична можност коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука