Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Најголемиот дел од охридските маркети ги задржаа гарантираните цени на основните продукти

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најголемиот дел од охридските маркети продолжуваат со истите цени како гарантираните на основните продукти и покрај тоа што велат дека добиле нови ценовници од дел од добавувачите.

Во изјава за Супер радио и OhridPress додаваат дека оваа одлука за задржување на загарантираните цени на повеќето артикли е во насока на излегување во пресрет на барањата на купувачите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека очекува ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“, откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15-ти мај годинава. Укажува дека системското решение е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

– Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15-ти мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ, рече Битиќи.

Државниот пазарен инспекторат, потсети, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на два супермаркети. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука