Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Кожата е чувствителна на светлина

Филаделфија, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кожата ја чувствува ултравиолетовата светлина на сличен начин како што тоа го прават нашите очи.

Тоа е поради кожните клетки, кои содржат родопсин, истиот фотосензитивен рецептор што окото го користи за да детектира светлина. Рецепторот е дел од кожниот заштитен систем против DNA оштетување што создава меланин.

Специјализираните клетки на кожата кои го создаваат пигментот меланин, ја детектираат ултравиолетовата светлина со користење на родопсин, рецептори кои се сензитивни на светлина.

Меланинот не само што ја дава бојата на кожата, туку и ја штити од оштетувањата на DNA. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука