Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Истекува рокот за пријавување за обуката за негувател/ка на стари лица на Црвен крст Охрид

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска истекува рокот за пријавување на конкурсот на Црвен крст Охрид за обука на негувател/ка за помош на стари лица според верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

– Обуката содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица. Заинтересираните полнолетни кандидати ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, информираат од организацијата.

Заинтересираните кои ќе бидат дел од обуката и ќе се стекнат со високообразовен сертификат за негувател/ка, стануваат дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега при Црвен крст Охрид и добиваат можност за вработување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука