Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Влатко Лозаноски- Лозано ја издаде новата песна „Бариера“ (Видео)

Охрид, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Помалку од еден месец по издавањето на синглот „Маскенбал“, еден од најпопуларните поп-пејачи кај нас, одличниот Влатко Лозаноски- Лозано ја издаде новата песна „Бариера“.

Лозано останува со стариот авторски тим и новиот сингл, повторно е дело на веќе докажаните Лазар и Магдалена Цветкоски и нивното студио LCV Production.

Спотот е во режија на Никола Наумовски, а во истиот се појавува и убавата Луна Декиќ Стефановска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука