Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Матурантот Бобан Кочески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби меѓународно признат сертификат од ЕК и Универзитетот во Истанбул

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Бобан Кочески, ученик во четврта година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се здоби со меѓународно признат сертификат од Европската комисија и Универзитетот во Истанбул.

– Во периодот од 10.03 до 16.03.2024 тoj учествуваше во проект на Еразмус+, Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, што се се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет, информираат од училиштето.

Додаваат дека учесниците за време на посетата биле примени и од градоначалникот на општина Лас Розас де Мадрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука