Забава Избор

Прогресивниот метал бенд Agremorta го издаде првиот албум „Anomalia“

Охрид, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кристофер и Никола се членовите на прогресивниот метал бенд Agremorta, кој го објави првиот албум „Anomalia“.

Станува збор за колаборативен музички проект настанат во јули 2023 година и почна многу брзо заеднички да работи за да создаде многу музика. Членовите на музичкиот проект се Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски, македонско/американско дуо каде што Кристофер е одговорен за пишувањето на текстовите, како и композицијата, аранжманот и изведбата на вокалите, додека пак Никола е одговорен за композицијата, аранжманот, продукцијата и снимањето на инструменталниот дел на музиката, вклучувајќи гитари, бас, синтисајзер и звучни ефекти. Музиката на Agremorta вклучува елементи од повеќе жанрови како алтернативен, прогресивен, грув и кибернетичен метал, „џент“ (djent). Музиката е проткаена низ една оркестрална, футуристичка и амбиентална музика којашто ја држи основата на звучниот дизајн. Значењето на името на бендот е комбинација на два зборови: Agre – пред, кој потекнува од стар индоевропски јазик, и, Morta – кралица на смрта, што доаѓа од римската митологија.

„Anomalia“ е концептуален краток албум (EP, extended play) составен од 4 песни изграден со помош на имагинативна кратка приказна. Секоја песна на Anomalia има за цел да испорача звучно искуство и приказна која е богата со метафора, допирајќи ги темите на идеализација, сила во ранливоста и крајности на индивидуализам и конформизам.

– Се работи за личност која се буди откако човештвото се ресетирало преку технологијата со надеж дека ќе избегне самоуништување. Меѓутоа, оние што се веќе разбудени ги имаат пресоздадено почетоците на асиметричните и централизирани структури на моќ што ги имаат доведено таму на прво место. Исто така, постојат нејасни сеќавања на сите за тоа зошто се случило ресетирањето, деталите од нивниот живот, па дури и нивните имиња. Сите се идентификувани со број, наместо име. Главниот лик е во опозиција на оваа моќ и ги гледа нејзините маани. Тој открива дека постои регистар што го содржи секое име и почнува да го совпаѓа истиот со луѓето. Исто така, тој дознава дека откривањето на неговото име ќе ги открие и спомените од неговиот минат живот, како и голем број лични способности. Со текот на времето тој добива следбеници и партнер кои се борат со него против раководството. Тој на крајот успева, и, сам, пристапува до регистарот за имиња и историјата на секоја индивидуа засебно. Стекнува нова моќ, но дознава и за своето гадно минато. Тој открива дека во својот минат живот бил одговорен за еутаназијата на илјадници сиромашни деца и стари лица, вклучувајќи ги и таткото и детето на неговиот партнер. Тој се бори со искушенијата да го задржи регистарот за себе и да ја создаде својата идеја за совршена човечност, и, се бори со дилемата да ја задржи контролата над својот партнер држејќи го слеп за минатото. На крајот, тој одлучува да го објави регистарот на имиња имајќи ги во предвид последиците коишто можат да следат, но, истовремено имајќи надеж дека сите ќе научат од него и ќе го искористат своето претходно знаење за да создадат подобра иднина, наместо да се кријат од минатото и да ги повторуваат неговите грешки. Тој се бори да најде начин да живее со она што се случило порано, но сега го губи својот партнер, велат члановите на бендот.

Тие ги претставуваат сингловите поместени на нивното прво EP „Anomalia“:

„Obsidian Reveries“ (Мрачни наноси) е инструменталното отворање на EP-то дизајнирано да ја поттикне имагинацијата на слушателот и да го постави тонот на светот создаден во Anomalia. Прогонувачки, кибернетски и оркестрално, тој ја гради сцената во исчекување на будењето на главниот лик и мистеријата на приказната што доаѓа.

„Ploratus Umbra” (Плачлива сенка) го гледа главниот лик разбуден во реалноста во која човештвото се ресетирало себеси, преку технологијата, со надеж дека ќе избегне самоуништување. Сообразноста е крал, а индивидуализмот е украден додека нашиот главен лик наоѓа одлучност и решителност во своите идеали. Композицијата е полна со меланхолични хармонии, мелодии и вокални линии, груверски рифови и синкопирани ритмови што се поткрепени со широк 3D синтетичен и кибернетски звучен пејзаж.

„Adrocitas” (Злосторство) е наративната кулминација на приказната презентирана во Anomalia, во која главниот лик ја води својата „праведна војна“ против угнетувачите на човештвото. Во песната е испорачана експлозивна рифажа со преклопувачки синтисајзери, просторно разигран и мрачен, но сепак привлечен звучен пејсаж, и блескаво гостинско соло на гитара од Луис Снајдер (Louis Snyder) од бендот Riparian. Повеќеслојниот вокал носи мелодичен борбен крик со тонски поместувања во интроспективен и емотивен заклучок.

„Vertex Membrana” (Надворешна мембрана) ја доведува приказната на нашиот главен лик до својот крај, патувајќи со сите претставници на тоа време низ нивниот ранлив, внатрешен конфликт со етиката на она што тие го направиле и што ќе изберат да прават со моќта што им е дадена. Песната е ударна и агресивна, но на моменти и интроспективно меланхолична со драматично инструментално и вокално разрешување.

Албумот е објавен на 15-ти март 2024 година на сите популарни стриминг платформи како Spotify, YouTube Music, Bandcamp, Soundcloud, iTunes, Apple Music, Tidal, Deezer итн. Исто така, достапно е лирично видео за Ploratus Umbra, Adrocitas и Vertex Membrana на платформата YouTube. Вокалите се снимани и испродуцирани во Alatna Studios со помош на Ендрју Бери (Andrew Barry). Александар Стефановски беше одговорен за ко-продукцијата, миксот и мастерот на песната, а во траката има и гостинско соло од страна на Луис Снајдер (Louis Snyder). Дополнителни бас линии во песната се снимени од страна на Стефан Стојкоски на песните Adrocitas и Ploratus Umbra. Омотот за синглот е направен од страна на Хавиер Нортон (Javier Norton). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука