Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 14. степени

Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во ноќните часови кон понеделник ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/час). Во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, температурата ќе биде во опаѓање, а на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука