Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонските боксери на подготовки во Охрид за европските првенства за сениори и за млади сениори

Охрид, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонските боксери се на осумдневни подготовки во Охрид за Европското сениорско првенство во Белград, Србија, и Европското првенство за млади сениори во Пореч, Хрватска.

За ЕП за сениори од 18-ти до 28-ми април во Белград се подготвуваат Ален Рустемовски, Арјан Исени, Дион Лена и Алим Насуфи, а ЕП во Пореч од 2-ри до 15-ри април на подготовки се Бајрам Маутовски и Аријан Рустемовски.

Сениорите откако ќе ги завршат подготовките ќе два дена одмор, потоа заминат за Белград каде што ќе продложат со тренинзите до 16-ти април, додека младите сениори ќе отпатуваат за Пореч. (Крај)

извор: ipon.mk фото: ipon.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука