Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 23. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука