Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во викендичка на охриѓанец во Косел пронајдени марихуана, шприцеви со течност, грендер и самострел

Охрид, 23. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2024 година, во 14:40 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 24-годишно лице од Охрид.

– При претрес во неговата викенд куќа, помошни простории и патничко возило во охридското село Косел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви исполнети со кафеава течност, грендер со остатоци од марихуана и еден самострел. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука