ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворен ден со Армијата на Република Македонија на Градскиот плоштад во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 23. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ), денеска, на Градскиот плоштад во Охрид реализираа тактичко-технички збор, односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Како дел од активноста, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, изведоа и показна вежба-препад на пловен објект.

Во вежбата се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата, а сите активности се во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, кои покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција).

Со денешните активности, Армијата на Република Македонија ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството во НАТО сојузот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука