Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Свечена владина седница по повод четиригодишнината од членството во НАТО

Скопје, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата денеска ќе одржи свечена седница по повод годишнината од членството на Република Македонија во НАТО Алијансата.

Со седницата што ќе започне во 11:30 часот ќе претстава техничкиот премиер Талат Џафери, најавија од владината прес-служба.

Деновиве со повеќе настани се одбележуваат четири години од членството на Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.

На 27 март 2020 година Македонија конечно стана полноправна членка на Алијансата по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот Договор во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон. Сојузниците на НАТО пактот го потпишаа Протоколот за Пристапување во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјата.

На 30 март 2020 година во седиштето на НАТО во Брисел се одржа церемонија на подигнување на знамето на Република Македонија.

На 16-ти ноември 2021 година, со потпишување на заедничката декларација со НАТО официјално се заокружи процесот на воено интегрирање на Република Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука