ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид SOS: Стопирана градбата на објект до локалитетот „Манчевци“, се вршат археолошки истражувања

Охрид/Струга, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Граѓанската иницијатива Охрид SOS реагираат дека на угорнината по улицата „Илинденска“, во стариот дел на Охрид, веднаш до ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“ изминатиов период се вршат археолошки истражувања.

– Станува збор за парцела на која имаше табла дека треба да се изгради станбен објект. Според фотографиите, откриено е доста, во само еден сегмент од парцелата. Уште еден слој на културно наследство, информираат од Охрид SOS.

Од иницијативата прашуваат дали овој локалитет целосно ќе се доистражи, на поголема површина, дали соодветно ќе се заштити и можеби ќе се претстави на јавноста во слично светло како и соседниот, или пак ќе ја доживее судбината на локалитетот неколку куќи погоре, кој со хилти и казми беше уништен и покриен со бетон? (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука