Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Предавање на тема „Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“ во четврток во Охрид

Охрид, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на дијабетичари од Охрид, во четврток, на 28-ми март, од 17:30 часот, во салата во Општина Охрид, ќе оддржи предавање на тема „Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“.

– Предавањето ќе го реализира д-р. Даниела Мисоска- Пендова и истото е наменето за лицата со дијабет 1 и 2, но и за сите заинтересирани за бубрежните заболувања. Предавањето е дел од годишната програма на Здружението, информираат од охридското Здружение на дијабетичари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука