Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 3 лица во Охрид и 40 во Струга кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви март 2024 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 61 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 3 во Охрид, 40 во Струга, 16 во Кичево и 2 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука