Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Со автоматска пушка пукано кон градоначалникот на Арачиново, повредени се две лица

Скопје, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 1-ви април 2024 година, во 13:25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на влез на селото Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица.

– При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука