Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 2 пешаци од Охрид поради небезбедно преминување на улица

Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти април 2024 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 20 пешаци кои надвор од обележани пешачки премини или минувалиште, извршиле небезбедно преминување на коловозни ленти.

– Санкционирани се 2 пешаци во Охрид, 8 во Струга, 7 во Кичево и 3 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука