Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана во два случаи кај лица од Охрид и Велгошти

Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата пронајде марихуана во два случаи кај лица од Охрид и Велгошти

На 3-ти април 2024 година, во 21:30 часот на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 27-годишно лице од истото село, кај кое била пронајдена и одземена марихуана.

– По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен пријава, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, на 3-ти април 2024 година, во 13:55 часот на улицата „Вардар“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 36-годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветен пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука