ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Априлско капење во Охридското Езеро (Фото)

Охрид, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Температурата на езерската вода од 10,3 степени, утрово беше сосема пријатна за едeн господин, кој уживаше во утринското капење на потегот пред ресторан „Тино“ на Градскиот кеј.

Неколкуте поврзани сончеви денови, и температурите секојдневно се зголемуваат, „измамија“ се’ повеќе охриѓани и гости кои уживаат во прошетка покрај езерото, а најхрабрите го искористија сонцето и за капење во езерото.

Метеоролозите за денеска во Охрид најавуваат денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на повремена умерена облачност. Утре на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Oд средината на следната седмица ќе има услови за краткотраен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука