Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Ноќеска санкционирани 3 возачи во Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 7. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти и 7-ми април 2024 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници, затекнале 8 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 3 во Охрид, 4 во Кичево и 1 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука