Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Физички пресметка помеѓу малолетници на булеварот „Македонски просветители“

Охрид, 7. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми април 2024 година, во 01:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 6-ти април 2024 година, околу 23:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, по претходна расправија, настанала физички пресметка помеѓу неколку малолетници, која продолжила и на булеварот „Туристичка“, при што се вклучиле и други лица.

– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука