Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Здрави намирници за оваа пролет

Охрид, 10. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите ја сакаат и и’ се радуваат на пролетта. Една од причините за тоа, секако е и разновидната храна, меѓу која преовладуваат исклучително здравите намирници.Листа од производи кои се идеални за вашето пролетно мени:

На прво место се оревите – одлична храна за мозокот и расположението.

Второто место е за свежиот лук и состојката алицин. Токму оваа состојка може да нè заштити од прејадување, и стимулира ситост во мозокот. Лукот е совршен како додаток на секаков вид зелени салати.

Третото место е за спанаќот – богат со железо, многу погоден за консумирање, особено од вегетаријанци.

Следува лососот – извор на омега-3 масни киселини, кои помагаат за хидратацијата во нашиот организам.

Под број пет во здравото мени се јагодите. Освен што се исклучително вкусни, тие се и многу корисни. Имаат висока содржина на витамин Ц и се природен антиоксиданс, кој го прочистува организмот од неповолните природни фактори.

Јајцата и млечни производи, треба да се консумираат умерено, но да не се исклучат од исхраната оваа пролет. Тие помагаат за подобра меморија.

На седмото место се боровинките. Грејпфрутот исто така наоѓа свое место на оваа листа.

Во листата се вброени и сезонските зеленчуци кои се вистински природен дар од природата, богати со аминокиселини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука