ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Медицинскиот персонал од болницата „Св. Еразмо“ периодов наназад учествуваше на бројни национални и интернационални конгреси

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Oд ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид го споделуваат успехот на медицински персонал со учество на повеќе национални и интернационални конгреси периодов наназад.

– Докторите и психологот преку нивните презентации ја покажаа својата стручност и извонредност во работата. Нивните излагања служат како доказ за посветеноста на нашата болница кон благосостојбата на нашите пациенти. Медицинските сестри од одделот за анестезиологија и интензивно лекување присуствуваа на првиот едукативен Конгрес на МЗМСАРИН (Медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега). Тие продолжуваат да не инспирираат со нивната посветеност и професионализам, како одраз на високите стандарди кои секојдневно ги практикуваат, потенцираат од болницата.

May be an image of 10 people and text

Додаваат дека на Интернационалниот конгрес за приказ на случаи, д-р. Ана Томевска одржа предавање за уникатниот медицински пат на пациент третиран во болницата, со наслов „Pericranial – Onlay cranioplasty technique following a decompressive hemicraniectomy“.

May be an image of 2 people and text

May be an image of 7 people

– По повод 17 години од прогласувањето на светскиот ден на лицата со аутизам, психологот Марија Бојаџи Љатко одржа предавање на тема „Рана детекција и интервенција на аутистичен спектар на нарушувања“. д-р. Маја Божиновска- Смическа, специјалист невролог во нашата болница, презентираше на ESO SAP E conference 2024, на тема „National accomplishments and obstacles in their implementation of the Stroke Action Plan in 2023“, информираат од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука