Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Второ издание на Стартап Викенд Охрид во универзитетот „Св. Апостол Павле”

Охрид, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 26-ти до 28-ми април 2024 година, во универзитетот „Св. Апостол Павле” во Охрид ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид.

Настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

– Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат. Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 40 Ментори (Стартап Основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати IT професионалци, бизнисмени и инвеститори, потенцираат организаторите.

Настанот е во организација на Стартап Македонија, Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти. (Крај)

извор: radiomof.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука