Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Св. Марко Исповедник

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29-ти март, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета.

Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера.

Тропар

Крвта ваша повика кон Небото, о свети маченици Христови, Марко епископ белата коса по патишта и блато ја остави, тело избодено и на потсмев предадено, но јунаштвото негово мнозина улови и демони во крајна темнина изгони, Кирил ѓакон, од јарост утроба со заби му раскинаа и со другите маченици телата собрани на свињите подадоа, молете се и за нас, вие првини на нашите поуки, по вашите молитви да се отрезниме и Бога да Го спознаеме. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука