Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана кај лице од селото Куратица на булевар „Железничка“

Охрид, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2024 година, во 18.35 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишено е од слобода 24-годишно лице од охридското село Куратица кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

– По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука