Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени двајца стружани: Се расправале со гостите во угостителски објект, нападнале вработен, оштетиле возила, се однесувале агресивно кон полицијата…

Струга, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти април 2024 година, во 00:30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени се од слобода две лица од Струга, на возраст од 36 и 38 години.

– Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички нападнале и повредиле лице од Охрид, вработено во објектот. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука