Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Пред избори сум прозван за нешто што се случувало пред моето доаѓање на функцијата градоначалник

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – По информациите објавени во медиумите за изградбата на хотел на атрактивната парцела до Охридското Езеро, кај „Горица 3“, денеска со реакција се јави и Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста „Горица“, а во интерес на јавноста сакам да ги изнесам следните факти: Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет „Горица“, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач. Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ, потенцира Пецаков.

Тој додава дека од ова може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред неговото доаѓање на позиција градоначалник, па оттука е нејасно зошто токму пред избори и зошто токму тој сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. (Крај)

извор: ОхирдПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука