Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини извори“ ќе добие трибина со капацитет од околу 150 седишта

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини извори“ ќе добие трибина со капацитет од околу 150 седишта.

Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата, а се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат.

– Го посетив и фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна, каде што во тек е негова реконструкција. Тука веќе се подготвува земјата за садење на природна трева и се подготвува теренот за спроведување на автоматски систем за наводнување на теренот. Доплнително предвидено е да се огради фудбалскиот терен и да се адаптираат простории за соблекувални. Неуморно работиме и вложуваме во спортот се со цел подигнување на условите на повисоко ниво како би привлекле што повеќе млади луѓе да се занимаваат рекреативно и професионално со спорт, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука