Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Аеродромите во Охрид и Скопје во март опслужија 209.727 патници и 1.744 летови

Скопје/Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во март 2024 година, ТАВ Македонија, членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 209.727 патници и 1.744 летови.

– Бројот на опслужени патници во март ги надмина бројките од 2023 година за 14%, додека бројот на летови во март 2024 е за 12% поголем од март во 2023 година, информираат од ТАВ Македонија.

Во текот на летната сезона до Охридскиот аеродром ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе лета на релација Белград-Охрид-Белград.

Со летниот ред на летање, од аеродромот во Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации. Во 2024 година на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 240 илјади патници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука