Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Од среда влажен бран со услови за снег на повисоките места за време на викендот

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

– Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Додаваат дека врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука