Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Нашиот Фуркан Али се закити со прва награда на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Сергеј Михајлов“ во Штип

Охрид/Штип, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со освоени 96,33 поени, младиот пијанист Фуркан Али од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, се закити со прва награда на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Сергеј Михајлов“, кој се одржува во Штип.

– Фуркан ја освои наградата под менторство на проф. м-р Ирена Веруш, информираат од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид.

До 18-ти април во Штип се одржува петтиот меѓународен натпревар на учениците од музички школи од Република Македонија и странство. Организатор е средното музичко училиште во Штип „Сергеј Михајлов“, а натпреварите се одржуваат во Домот на културата „Ацо Шопов“, Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и во уметничката галерија „Безистен“.

Натпреварите се одвиваат во сите училишни категории и во повеќе музички програми и дисциплини: дувачки инструменти, ударни инструменти и сет тапани, соло пеење, жичени, лимени и традиционални инструменти, пијано, хармоника и поп и џез музика.

Пријавени се над 500 кандидати, млади музичари од земјата и странство. Пријави има и од Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Србија. Организаторот обезбеди парични награди и Гран при награда за најдобрите по категории и дисциплини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука