Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 21. степени

Охрид, 16. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди претпладне и услови за локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука