Здравје Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Нов систем на кислород и реверзна осмоза во струшка Нефрологија

Струга, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Специјализираната болница Нефрологија Струга доби две нови инвестиции, и тоа во централен систем за дистрибуција на кислород во три сали за хемодијализа и во три соби наменети за интензивна нега, како и подобрување на условите за хемодијализа преку набавка на опрема реверзна осмоза.

– Подобрување на услугите преку обезбедување на безбеден систем за снабдување со кислород, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги на центарот за болните од хронична и акутна ренална инсуфициенција. Изведувач на работите за дистрибуција на кислород е Друштво за производство на индустриски гасови ТГС „Технички гасови“ од Скопје и за реверзната осмоза ДПТУ „Фарма Трејд“ од Скопје, информираат од Центарот за развој на југозападниот плански регион.

Инвестицијата е во вредност од 3.800.000 денари, а проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука