Николче Мицевски вечерва настапува во Public Room, специјален гостин нашиот Дамјан Пејчиноски
Охрид, 18, мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски гитарист, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски вечерва ќе биде специјален гостин на настапот на Николче Мицевски во Public Room во Скопје.
– Секогаш е чест и задоволство да се свири со Николче Мицевски. Се гледаме во Public Room во Скопје на 18-ти мај, порача Дамјан на неговите профили на социјалните мрежи.
Мицевски вели дека заедно со Пејчиноски ќе ја изведат неговата тема „Time“ и уште неколку други композиции кои ги подготвуваат специјално за овој настан.
– Ве очекуваме, сите заедно да ја уживаме музичката приказна „New Era“, порача Мицевски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |