Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Здружението на дијабетичари од Охрид ќе го одбележи Меѓународниот ден на физичката активност

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со соодветни активности, Здружението на дијабетичари од Охрид, утре, недела, 12-ти мај, ќе го одбележи Меѓународниот ден на физичката активност.

– Предвидени се следните активности: рекреативно пешачење од хотел „Ројал“ до „Куба Либре“, едукативна презентација за значењето на микро билките како здрав додаток на исхраната на дијабетичарите од страна на Сања Бачевски, дипл. инж. по хортикултура, физичка активност прилагодена за дијабетичари со Проф. Мр. по кинезиологија, Катерина Стојаноска, мерење на шеќер во крвта, дегустација на здрави крекери со намаз и микробилки и дегустација на здрави колачиња за дијабетичари изработени од Марк Дијкстра од Холандија, информираат организаторите.

Активностите ќе започнат во 11:оо часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука