Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Грчката амбасадорка демонстративно ја напушти инаугурацијата на Сиљановска Давкова

Скопје, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Грчката амбасадорка во Република Македонија, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа, откако новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата под името Македонија.

Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, порача во свеченото обраќање на церемонијата за инаугурација универзитетската професорка Гордана Сиљановска- Давкова, која е шестиот претседател на Република Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

– Време е за единство и затоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Сиљановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема, порача во обраќањето Сиљановска Давкова. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука